
DAILY COMFORT се хеланки за секој ден, не само за тренинг. Материјалот е помек од класичните спортски хеланки, а сепак држи форма низ целиот ден.
Хеланки што можете да ги облечете наутро и да не се преслечете до вечер.
Достапно во S (36), M (38) и L (40). Перете на 30 °C наопаку, без омекнувач и без сушилница — така еластичноста трае подолго.
Облека од понудата на Malena Supplements. Достава низ цела Македонија, со плаќање при испорака.