ЗА ПРИСТАП И КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО ПОВРЗАНИ СО ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА НА СТРАНАТА НА MALENASUPPLEMENTS.MK.
ЧЛЕН 1
ОСПЕГ НА ПРИМЕНА
Овие Општи услови го регулираат односот помеѓу “Миком-98“ Кочани со седиште на адреса ул. Индустриска Зона, 2300 Кочани, Македонија Кочани како давател на услуги на информатичкото општество поврзани со продажба на стоки и услуги преку интернет (интернет трговија) преку својата интернет страна malenasupplements.mk согласно со позитивно правните прописи на Република Македонија, од една страна, и лицата кои пристапуваат на интернет продажното место на malenasupplements.mk и ги користат нејзините услуги. Секој заемен однос помеѓу “Миком-98“ Кочани и посетителите и потрошувачите кој не е конкретно предвиден со ОУ ќе биде предмет на позитивните прописи на Република Македонија.
ЧЛЕН 2
ДЕФИНИЦИИ
Зборовите употребени во Овие Општи Услови ќе го имаат следново значење:
malenasupplements.mk – Интернет страна за интернет трговија во сопственост на “Миком-98“ и овозможува преглед и можност на купување на стоки и услуги понудени на интернет сајтот.
Купувач – Секое физичко или правно лице кое се јавува во својство на купувач на производи и услуги од malenasupplements.mk
Посетител – Секое правно или физичко лице кое има намера да ги разгледува производите и услугите на malenasupplements.mk без да сака да ги сподели своите приватни податоци.
Кошничка – систем за меморирање и памтење на посакуваните продукти во која се складираат и се најавуваат на системот на наплата.
Кон каса – систем за наплата на кој се најавуваат продуктите и услугите меморирани во кошничката каде ке можат клиентите да го изберат начинот на плаќање.
Посакувано – систем за меморирање и памтење на посакуваните продукти во која се складираат продуктите и услугите без да се најавуваат на системот на наплата – не е достапно за посетителите!
ЧЛЕН 3
РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧ
Како КУПУВАЧ на производи и услуги од Веб продавниците може да се јави: 1.Секое деловно способно физичко лице, кое има валидна е-маил адреса. 2.Правно лице кое има валидна е-маил адреса. Со самата регистрација како Купувач и креирање на профил, КУПУВАЧОТ физичко лице потврдува дека: има наполнето 18 години, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на Името и Презимето, е-маил адреса кои ги користи се валидни во времето на регистрација и процесирање на нарачката. Со самата регистрација како КУПУВАЧ и креирање на профил, КУПУВАЧОТ правно лице потврдува дека: е легално регистрирано и постои согласно законите на матичната замја, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата а кои се однесуваат на називот и е-маил адреса кои ги користи се валидни во времето на регистрација и процесуирање на нарачката.
ЧЛЕН 4
КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Посетителите на интернет страната malenasupplements.mk можат да ги купуваат производите и услугите истакнати на интернет страната користејки ги следните методи на плаќање:
Плаќање онлајн со платежна картичка
КУПУВАЧИТЕ и ПОСЕТИТЕЛИТЕ кои пристапуваат кон користењето на сервисот за онлине плаќање треба да се сопственици на валидна платежна картичка која им е издадена на нивно име и кои го поседуваат оригиналот од картичката со која го реализираат купувањето. ПОСЕТИТЕЛОТ може да купува на страната на malenasupplements.mk и на нашата страна ке се води како анонимен посетител ,но пред сервисите за плаќање ке мора да се идентификува и да ги внесе своите лични податоци – единствена разлика е тоа што за malenasupplements.mk тој останува анонимен и интернет продавницата не е во можност да го извести за неговата нарачка. Со самото впишување на личните податоци и податоците за платежната картичка и потврда на нарачка од страна на КУПУВАЧОТ, истата ќе биде процесирана и трансакцијата ќе биде извршена. Податоците за платежната картичка ги обработува и единствено со нив располага системот на Банката овластен за e-commerce. По комплетирањето на нарачката КУПУВАЧОТ ќе добие e-mail порака која ќе содржи потврда дека нарачката на КУПУВАЧОТ е успешно извршена, КУПУВАЧОТ деталите за нарачката може да ги види преку својот профил.
Преку Банка
КУПУВАЧОТ и ПОСЕТИТЕЛОТ на каса можат да одберат и плаќање преку банка, при што ке ја добијат сумата, сметката и целта на уплатата(шифра на нарачката). Испораката ке биде извршена по добивање на средствата на сметката на “Миком-98“. КУПУВАЧОТ правно лице до “Миком-98“ може да достави барање за издавање на профактура.Испораката ке се оствари по плаќање на издадената профактура.
Плаќање при испорака (COD-Cash on Delivery)
Или пратка со откупнина –пратка за која КУПУВАЧОТ плаќа при приемот на пратката е достапен само за регистрираните купувачи кои имаат реализирано повеќе трансакции со платежна картичка или остварено повеќе уплати преку банка. Плаќањето при испорака функционира како привилегија достапна за верните купувачи.
ЧЛЕН 5
ЦЕНИ НА ПРОИЗВОДИТЕ И УСЛУГИТЕ
На производите и услугите на интернет страната malenasupplements.mk е истакната продажната цена. Продажната цена е крајната цена на единица на некој производ или услуга или пак на дадената количина на производот, вклучувајќи го тука и данокот на додадена вредност и сите други јавни давачки. Наплатата секогаш се врши во денари. Доколку е одбрана опцијата цените да се прикажани во друга валута, податоците се само од информативен карактер, а наплатата останува во денари.
ЧЛЕН 6
ИСПОРАКА
Доставата ке се врши преку специјализирани компании за испорака за што трошоците ке ги подмирува ПОТРОШУВАЧОТ. Одредени продукти можат да имаат т.н. Бесплатна достава (Free shiping). За продуктите за кои важи Бесплатна достава направените трошоци за достава паѓаат на товар на “Миком-98“. Продуктите за кои важи бесплатната достава ке бидат јасно обележани и означени како продукти со бесплатна достава. Во однос на испораката malenasupplements.mk и купувачите треба да се придржуваат до следните правила:
При испорака на нарачка која содржи повеќе производи malenasupplements.mk е долженa сите производи да ги амбалажира и испрати во една пратка.
malenasupplements.mk е должена на купувачот да му ја предаде нарачката до вкупно предвидениот рок за испорака, согласно со одбраниот метод на испорака од страна на купувачот.
malenasupplements.mk е обврзана нарачките да ги испорачува согласно со одбраниот метод на испорака од страна на Купувачите.
malenasupplements.mk должен е да обезбеди потпишана потврда за прием, за идентитетот на примателот и за соодветноста и исправноста на доставените производи.
КУПУВАЧОТ е должен да се потпише на потврдата за прием при примање на пратката
malenasupplements.mk мора да чува архива за сите нарачки и испораки направени во последните 3(три) години.
ККупувачот превзема обврска дека примателот на нарачката ќе биде достапен на наведените адреса и телефонски број. Доколку обидот за испорака не успее, трошокот за повторна испорака го сноси купувачот, важи и за продуктите со бесплатна достава.
Купувачот треба да внесе целосна и точна адреса за испорака на пратката. За сите трошоци направени поради погрешно внесената адреса одговара Купувачот.
ЧЛЕН 7
РЕКЛАМАЦИИ
Условите се подетално објаснети во Гаранции и рекламации.
ЧЛЕН 8
ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОД
КУПУВАЧОТ може да го врати производот без да ја наведе причината за таквата негова постапка во рок од 7 работни дена од денот на прием на производот. Во тој случај средствата кои ги платил ќе му бидат вратени намалени за трошоците за првичната испорака. Вратениот производ и пакувањето мора да бидат 100% во оригинална неоштетена состојба. Трошокот за испорака на вратениот производ назад до malenasupplements.mk е на сметка на Купувачот.
ЧЛЕН 9
УСЛОВИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА КУПУВАЧИТЕ
КУПУВАЧОТ за да ги оствари правата од овие општи услови должен е да ги приложи документите кои му биле дадени при испорака на производот како и производот да го чува неоштетен и неупотребуван.
ЧЛЕН 10
ИЗМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ
Овие Општи Услови може да бидат изменети од наша страна доколку тоа го налагаат условите на пазарот или позитивните законски прописи. Дополнувањата или измените на овие општи услови ќе бидат јавно објавени и ќе бидат достапни на вообичаен и пристапен начин. Изменетиот текст на Општите Услови ќе биде достапен на Веб страната malenasupplements.mk. Секогаш со вас “МИКОМ-98”